Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Автсралија опен, откако утрово го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:2.

Во меч што траеше четири часа и 10 минути, Шпанецот поведе со 2:0 (6:3 и 6:4). Со иста мера возврати Шаповалов за изедначување (6:4 и 6:3). Во одлучувачкиот петти сет, Шпанецот беше поуспешен и победи со 6:3.

Надал по 36-ти пат ќе учествува во полуфинале на еден Грен слем турнир. Повеќе полуфиналиња од него имаат Новак Ѓоковиќ (42) и Роџер Федерер (46).

На Австралија опен, 20-кратниот грен слем шампион по седми пат влезе помеѓу четворицата најдобри и прв пат по 2019 година.

Противник на Надал во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн ќе би де победникот од денешниот меч Гаел Монфилс – Матео Беретини.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2022 11:29