Американката Медисон Киз и Австралијката Ешли Барти ја сочинуваат првата двојка на Австралија опен.
Ова е епилогот по денешните два четвртфинални меча на Грен слемот во Мелбурн.
Најпрво Киз во два сета (6:3 и 6:2) ја совлада Барбора Крејчикова од Чешка, а потоа Барти славеше исто така со 2:0 (6:2 и 6:0) во дуелот со Џесика Пегула (САД).
Другите две полуфиналистки ќе бидат познати утре по мечевите: Колинс (САД) корне (Франција) Свјатек (Полска) – Канепи (Естонија).