Седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, за прв пат се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен (АО), совладувајќи го денеска во четвртфиналето Французинот Гаел Монфис со 6-4, 6-4, 3-6, 3-6, 6-2 по три часа и 52 минути игра.

Со триумфот, Беретини го продолжи максималниот ефект против Момфис во нивната трета меѓусебна пресметка и обезбеди полуфинален дуел против Рафаел Надал.

Шпанецот претходно се пласираше во полуфиналето на грен – слем турнирот во Мелбурн, откако во четвртфиналето по четири часа и 10 минути тенис го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов.

Беретини и Надал досега само еднаш играа меѓусебе, кога шпанскиот тенисер беше поуспешен во полуфиналето на Ју Ес Опен во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2022 16:25