Хадсон, синот на холивудскиот глумец Мајкл Медсен, изврши самоубиство на Хаваи, на 26 години. Според „Сан“, причина за смртта била прострелна рана, којашто Хадсон си ја нанел себеси.
„Можам да потврдам дека 26-годишниот Хадсон Ли Медсен почина од прострелна рана во главата. Се сомневаме дека тоа е самоубиство. Тоа се случи на островот Ваху”, изјави портпаролот на Службата за судска медицина во Хонолулу.
Наводите говорат дека мајката на Хадсон, глумицата Деана Морган, веќе заминала на Хаваи.
Хадсон беше „омиленото кумашинче“ на познатиот режисер Квентин Тарантино, во чии филмови глуми неговиот татко. Мајкл Медсен е познат по улогите во „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs) и дуологијата „Убиј го Бил“ (Kill Bill). Хадсон служел во Aмериканската армија, a oд неодамна живеел со сопругата Карли на Хаваи.