Тестирањата на болидите пред стартот на новата сезона во Формула 1 ќе се одржат на крајот од февруари во Барселона и еден месец подоцна во Бахреин.

Како што денеска соопшти Формула 1, тестирањата во Барселона се закажани од 23 до 25 февруари, а во Бахреин од 10 до 12 март.

За разлика од тестирањата на патеката „Каталуња“, тестирањата во Бахреин ќе бидат пренесувани на телевизија и ќе се одржат во присуство на гледачи.

Новата сезона стартува на 20 март во Бахреин со вкупно 23 трки.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2022 03:28