Меколи Калкин, некогашната детска ѕвезда од првите два дела од „Дома сам“, се сврши со осум години помладата Бренда Сонг, која исто така, е глумица.
Калкин (41) и поранешната ѕвезда на „Дизни“ се во врска веќе четири години. Во април лани го добија и првиот син – Дакота, крстен по сестрата на Меколи која почина во 2008 година.
Глумецот е актуелен со улогата во новите епизоди серијата „Американска хорор приказна“, а неговиот последен филм е „Земја на промени“ (Changeland) од 2019 година.