Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави отворање дебата за промена на системот на усогласување на пензиите, нешто што го бара Сојузот на здруженија на пензионерите.

– По однос на иницијативата на Сојузот на пензионерите сакам да истакнам дека дел од Програмата на Владата е промена на овој систем за усогласување на пензиите за што ќе отвориме и експертска дебата. Оваа дебата ќе ја отвориме час поскоро со експертската јавност, со сите заинтересирани страни за да дојдеме до решение со кое што ќе го подобриме статусот на пензионерите во однос на нивните примања, рече Тренчевска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Министерката за труд и социјална политика најави дека експертската дебата Владата ќе ја отвори во првиот квартал од годината.

Пензионерите бараат промена во усогласувањето на висината на пензиите, односно во системот да биде вклучен и растот на просечната плата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2022 15:56