Глумицата Кетрин Кејтс, позната по улогите во сериите „Сајнфелдс“ и „Портокаловата е новото црно“, почина по подолга битка со ракот на белите дробови. Таа имаше 73 години.

„По долга и тешка битка со ракот на белите дробови, Катрин почина. Беше неверојатно храбра, мудра и полна со љубов кон луѓето околу неа”, објави „Дејли мејл“.

Пријателите на актерката сведочат дека и покрај болеста, таа никогаш не се пожалила и оти била дел од снимањата речиси до последниот ден. Во серијата „Портокаловата е новото црно“ таа ја глумеше Ејми Кантер-Блум, а во „Сајнфелд“ се појави во две од најнезаборавните епизоди.

Таа глуми и во филмот „Сите светци на мафијата“, како и во ТВ-сериите „Пријатели од колеџ“, „Нијанси сина“ и „Закон и ред“. Беше и една од основачите на театарот „Колони“ во Бурбенк, Калифорнија, САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2022 11:01