Домашната тенисерка Ешли Барти во доминантен стил без загубен сет ја освои титулата на Австралија опен, откако ја совлада во денешното финале Американката Даниела Колинс со 6-3, 7-6 (2).
За прворангираната светска тенисерка ова е прва грен-слем титула пред домашната публика во Мелбурн.
Пред денешниот триумф на Австралија опен, Барти освои две грен-слем титули во кариерата, лани на Вимблдон и во 2019 година во Париз на Ролан Гарос.