На меѓународните ФИС натпревари во категоријата „Slopestyle“, што се одржаа викендов во Анилио, во Грција, македонските сноубордери освоија два златни, еден сребрен и два бронзени медали.

Во сениорска конкуренција Иван Георгиев успеа да обезбеди најдобар резултат и освои две први места, Ведран Лауренчиќ освои второ место, а Карло Дерибан освои две трети места.

Во женска категорија настапи Ева Башоска и освои четврто и петто место, додека Слободан Саздовски освои второ и трето место во категоријата деца.

Ова е втор меѓународен ФИС натпревар во 2022 година за македонските сноубордери кои се дел од Македонската скијачка федерација.

– Одличните резултати што ги постигнавме на ова второ ФИС натпреварување годинава е одлична мотивација и за мене, но и за спортистите, да продолжиме посветено да работиме на подготовки и тренинзи како и досега. Покажавме дека и покрај сите пречки можеме да постигнеме врвни резултати, а што е најважно, докажавме дека сме конкурентни и успешни. Продолжуваме да работиме на дополнително унапредување на перформансите на нашите спортисти и за две недели не очекуваат настапи на нови натпревари, истакна Кирил Насков, тренер во скијачката федерација на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2022 15:43