Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) очекува некои стадиони на Олимписките игри во Пекинг да бидат исполнети со гледачи барем 30 %. Ова го соопшти извршниот директор на организацијата Кристоф Дуби.

Странските навивачи поради пандемијата на коронавирус нема да смеат да одат на Олимпијадата.

-Ќе постојат протоколи за да се гарантира присуството на гледачите на трибините и во исто време безбедноста на сите учесници. Во однос на капацитетот, сЕ уште не сме постигнале договор. Но, би рекол дека ако имаме еден човек за три или две места, ова е веќе добар резултат. Исполнетоста зависи од конкретното натпреварување, како и од тоа дали се одржува на отворено или внатре. Највпечатливо е што ќе имаме гледачи. И тоа не се само луѓе кои постојано живеат во земјата, туку и жители на Кина, ние инсистиравме на тоа“, рече Дуби.

Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2022 14:17