Многумина корисници на „Епл ајфоните“ веројатно не знаат дека и „гризнатото јаболче“ одзади, има свои задачи, а не е само украс. Функцијата се нарекува „бек тап“ (Back Tap, „задно копче“) и може да се користи за скриншот, камера, блиц или која било опција.
Задното копче одговара на двоен или троен допир. Опцијата постои само kaj „Иос-14“ и се активира преку поставките. Така, таму се избира опцијата „Пристапност“ (Accesibility), па „Touch“, па „Back Tap“. Притоа, бирате за која опција и како сакате да го користите „јаболкото“.