Најдобриот играч според многумина во историјата на американскиот фудбал Том Брејди официјално означи дека заминува во спортска пензија.
Најавата дека 44-годишниот квотербек на Тампа Беј донел одлука да се збогува со спортот во кој владееше изминатите две децении и освои седум шампионски титули дојде минатата недела од американката телевизија „ЕСПН“.
Иако во меѓувреме имаше и спротивни информации, потврдата за своето пензионирање Брејди ја објави вечерва преку социјалните мрежи.
– Тешко ми е ова да го напишам, но дојде моментот. Веќе нема да играм, објави Брејди, кој освои шест шампионски титули со Њу Ингланд (2001, 2003., 2004., 2014., 2016. и 2018) и една со Тампа Беј, минатата сезона.
– Ја сакам својата НФЛ кариера, но време е да се фокусирам на некои други работи, и времето и енергијата да ги насочам кон други сфери, додаде Брејди.