Актерката Вупи Голдберг е привремено отстранета од својата емисија „Поглед“ (The View), откако рече дека нацистичкиот геноцид врз повеќе од шест милиони Евреи „не бил поврзан со расата“.

И покрај извинувањето од познатата водителка и глумица, претседателката на „Еј-би-си њуз“ – Ким Годвин соопшти дека одлучила дека тоа не е доволно.

„Веднаш ја суспендирам Вупи Голдберг на две недели поради нејзините неточни и навредливи коментари. Иако Вупи се извини, ја замолив да одвои малку време за да размисли за влијанието на нејзините споделени коментари“, напиша Годвин во изјавата објавена на страницата на ТВ-каналот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2022 10:41