За новите таблети на „Самсунг“ од семејството „Галакси таб С8“ веќе е познато дека ќе им бидат достапни и на корисниците во Европа. Преднарачките за новите модели се отворени и некои цени се објавени.
Така, најскапиот модел во Франција чини 1.699 евра и доаѓа со 16 гигабајти РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија. Уредот се напојува со процесор „Снепдрагон 8 ген 1“ и од батерија од 11.200 мегаампер-часови и има 14,6-инчен „Супер АМОЛЕД“ екран со резолуција од 2.960 x 1.848 пиксели и брзина на освежување од 120 херци. Испораките се очекуваат по 9 февруари.
Цените може да варираат во зависност од пазарот, а според познавачи, тие ќе се движат од 749 до 1.599 евра.