Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, еден ден пред отворањето на Олимписките игри во Пекинг најави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино нема да дојде во Кина.
Според него, Инфантино игрите ќе ги следи од Камерун.
– Инфантино и јас разговаравме. Поради ситуацијата со пандемијата, тој нема да дојде во Пекинг, туку ќе ги следи настаните од Камерун каде што се одржува Африканскиот куп на нации. Што се однесува до изборот на градот домаќин за 2030 година, не знам што да кажам сега. Одлука е на комисијата. Пред два месеца бев информиран дека има неколку заинтересирани страни, со кои се води дијалог. Кога точно ќе заврши овој процес сЕ уште не се знае, изјави Бах.
Да потсетиме дека на Африканскиот куп на нации во тек е полуфиналната фаза. Во финалето Сенегал ќе игра со победникот од натпреварот Камерун – Египет.
Зимските олимписки игри се отвораат во Пекинг на 4 февруари и ќе траат две недели.