Вкупно 55 нови случаи на зараза со коронавирусот се регистрирани вчера меѓу лица поврзани со Зимските олимписки игри во Пекинг, што е највисок број на дневна основа, соопшти денеска раководителот на медицинскиот оддел на МОК, Брајан МекКлоски.

Од вкупната бројка, 29 случаи се регистрирани при тестирања на аеродромот во Пекинг, додека 28 заразени се регистрирани меѓу лица, кои веќе се сместени во олимпиското село.

Од 23 јануари се извршени вкупно 610.000 тестирања, а бројот на заразени е 287.

– Бројките се мали и сигурни сме дека системот ќе функционира. Не сме се опуштиле и сите мерки и натаму се во сила, изјави МекКлоски, додавајќи оти бројот на заразени ќе опаѓа кога сите учесници на Игрите ќе пристигнат во Пекинг.

Зимските олимписки игри свечено ќе бидат отворени утре и ќе траат до 20 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2022 03:16