Постои можност Мелинда Френч Гејтс да го смени пристапот кон добротворната дејност по разводот, пишува „Волстрит журнал“.
Според наводите, таа наводно одлучила поголемиот дел од своето богатство, проценето на 11,4 милијарди долари, да не биде во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, или пак, можеби, ќе се насочи кон други добротворни организации. По разводот, Бил Гејтс и Мелинда најавија двегодишен преоден период во кој заедно ќе раководат со фондацијата. Извршниот директор Марк Сузман рече дека тоа е план „кој треба да обезбеди континуитет на работата на фондацијата“. Доколку Бил и Мелинда решат да ја прекинат соработката по преодниот период, Бил Гејтс ќе остане на чело на фондацијата.
Фондацијата е една од најголемите во светот, со фонд од над 50 милијарди долари. Беше вклучена во различни иницијативи последниве 20 години – како што се родовата еднаквост, намалувањето на сиромаштијата и воведувањето на вакцини против Ковид-19 на светско ниво.
Двојката во јули одлучи да вбризга дополнителни 15 милијарди долари во фондацијата.