Излезе од печат збирката раскази „Клучка“ од авторот Небојша Арсиќ од Тетово. Ова е прва негова збирка раскази и прво книжевно дело. Збирката содржи 21 расказ кои се различни по содржина – патриотски, секојдневие, љубов, драма, доживувања…

-Некои будат весели, а некои тажни емоции. Застапен е трилер, возбуда. Инспирација ми е секојдневието кое го живееме, минатото кое не смееме да го заборавиме, различни случки кои се реални доживувања на денешницата. Сплетки, интриги, местенки, бизнис, љубов и класни слоеви. Насловот „Клучка“ е симбол на нешто испреплетено од аспект на различни случки, моменти, доживувања, согледувања на животот. Различни желби, мотиви, реакции, посочи авторот Небојша Арсиќ.

Авторот е роден во 1982 година, а освен читање и пишување, хоби му е спортот. По образование е магистер по Спорт и физичко образование. Во моментов е помошник директор на ОУ „Братство-Миѓени“-Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2022 15:21