Македонскиот ракометен шампион Вардар, загубија во натпреварот од првото коло на групната фаза на СЕХА лигата, на свој паркет од Нексе Нашице со 25:24.
Во натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ имаше многу пресврти, драма и голема борба, а избраниците на Давид Дејвис не реализираа напад за бод против хрватскиот ривал.
Најефикасен играч на натпреварот беше Фахрудин Мелиќ со шест погодоци, додека кај Вардар по пет погодоци дадоа Тимур Дибиров и Куни Моралес. Голманското дуо на Нексе собра тринаесет интервенции, осум запиша Радовановиќ, а пет Кузмановиќ. Од друга страна, Мартин Томовски кај Вардар запре на шест, а Ристовски одбрани еден удар во првиот дел.