Премиерниот златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го освои норвешката претставничка во нордиско трчање Тереза Јохауг, која денеска победи во дисциплината скијатлон, која вклучува 7.5 километри класичен стил и 7.5 километри слободен стил.

На трката на која првично требаше да настапи и македонската олимпијка Ана Цветановска, но Меѓународната скијачка федерација дополнително го лимитираше бројот на учесници според рангирањето, Јохауг мина прва низ целта пред Русинката Наталија Непријајева (+30 секунди), додека бронзата и припадна на Тереза Стадлобер од Австрија (+30.5).

По исклучително студено и ветровито време, норвешката олимпијка во вториот дел од трката во слободен стил направи недостижна предност пред конкурентките и го освои своето прво поединечно злато во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2022 14:39