Германката Клаудија Пехштајн денеска влезе во олимписката историја како највозрасна жена која настапила на Зимски олимписки игри (ЗОИ) и воедно прва жена со рекордни осум настапи на зимските олимпијади.

Пехштајн (49), која во кариерата има освоено девет олимписки медали, со денешниот настап во трката на 3.000 метри во брзо лизгање се израмни на вечната листа според бројот на настапи на ЗОИ со легендарниот јапонски ски – скокач Норијаки Касами.

Пехштајн, која ќе го прослави својот 50. роденден два дена по завршувањето на ЗОИ во Пекинг, ја заврши денешната трка во време од четири минути и 17.16 секунди, што е за речиси 20 секунди поспоро од олимпискиот рекорд (3:57.70), кој и натаму е во нејзина сопственост од Игрите во Солт Лејк Сити во 2002 година.

Својот прв олимписки медал Пехштајн го освои на Олимпијадата во Лилехамер во 1994 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2022 15:23