Нов Зеланд за прв пат во историјата на Зимските олимписки игри освои златен медал. Сноубордерката Зои Садовски на свопјата земја и донесе најсјајно одличје победувајќи со 92,88 поени.

За 20-годишната Садовски ова е втор олимписки медал во кариерата. Таа во 2018 година во Пјонгчанг освои бронзен медал.

Денешниот успех на Нов Зеланд го комплетира Тес Коди со освојувањето на бронзата со 84,15 поени. Среброто и припадна на Џулија Марино од САД со резултат 87,68 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2022 11:42