Канадскиот сноубордер Макс Парот го освои златниот медал во слоупстајл на Олимписките игри во Пекинг. Тој оствари резултат 90,96 (79,86 + 90,96 + 36,56).

Второто место го зазеде Кинезот Јиминг Су со вкупен скор 88,70 (78,38 + 88,70 + 66,58).

Најдобрата тројка ја комплетира уште еден репрезентативец на Канада, Марк МекМорис со резултат 88,53 (76,98 + 80,85 + 88,53).

За Канада ова беше прво злато на Олимпијадата во Пекинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2022 12:01