„The Velvet Rope“ беше најтешкиот албум што требаше да го напишам, изјави Џенет Џексон. Во документарецот што излезе годинава, има и снимка од доцните 1990-ти, каде Џексон зборува за тоа колку ѝ било тешко, додека работела на проектот.

Таа тврди дека поминала низ многу за да се открие себеси. Музичкиот албум бележи како ѕвездата се справува со депресија, физичко насилство, но и многу други работи.

Тој е објавен во 1997 година и стана нејзиниот петти последователен албум, што се најде на врвот на листата на Билборд 200 албуми. Ги содржи големите хитови „Got ‘Til It’s Gone“ и „I Get Lonely“. Иако звучи лесно додека Џексон заводливо шепоти на песните, сепак, за неа, е најтежок проект.

Џексон е родена во познато семејство и како девојче имаше настапи заедно со своите браќа на фамилијарното шоу. Откако нејзиниот брат Мајкл започна со соло кариера, таа набрзо тргна по неговите стапки. Нејзиниот прв албум излезе во 1982, истата година, кога брат ѝ го објави познатиот „Thriller“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2022 14:19