Глумецот Двејн Џонсон се откажува од својата јавна поддршка за водителот Џо Роган по сознанието дека овој го повеќепати го користел називот „нигер“, којшто е навредлив за црнците.

„Карпата“ (49) првично застана во поддршка на водителот, чијашто интернет-емисија неодамна привлече огромно негативно внимание. Неколку големи уметници ја отстранија својата музика од „Спотифај“, а пејачката Индија Ари сподели и видеомонтажа на коишто Роган постојано го користи „Н-зборот“ во неколку епизоди од емисијата.

Откако дознал, Џонсон се изјасни на Твитер, велејќи дека „не бил свесен за неговата употреба на навредливите зборови“. – Сега дознав и научив за тоа, додаде ѕвездата на „Патешествието низ џунглата“.

Претходно изјавената поддршка на Џонсон, беше одговор на критиките од политичкиот коментатор Чери Џејкобус. Оттогаш тој се повлече.

„Ти должам искрено извинување. Не се однесував како што ми прилега во нашиот дијалог и мојот јазик кон тебе беше навредлив. Се извинувам“, напиша Џонсон во следната објава на Твитер упатена до Џејкобус. – „Ви благодарам Вам и на Вашите следбеници за целиот разговор овде. Имајте одличен и продуктивен викенд“.

Откако видеото со навредите на Роган кон црнците што се рашири на интернет, водителот во саботата се извини за неговата повеќекратна употреба на расистичката навреда, во видео на Инстаграм.

„Има многу г**нарии во старите епизоди на емисијата што би сакал да не ги бев кажал или да ги кажев поинаку. Тоа моето најлошо издание воопшто“, напиша потоа Роган крај видеото.

Тој, исто така, рече дека неговата употреба на називот „нигер“ е „најсрамната работа за којашто некогаш морал јавно да зборува“ и жали за сѐ тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2022 15:25