Ракометарите на Еурофарм Пелистер успешно ја почнаа новата сезона во регионалната СЕХА-лига. Битолчани вечерва славеа победа на гостувањето во Белград против Партизан со 25:23.
По изедначениот старт на натпреварот, Пелистер со серија од 5:0 дојде до водство од пет гола (11:6). Предноста од три до пет голови пелистерци ја одржуваа до 36.минута кога водеа со 17:12. Од тој момент Партизан заигра подобро во одбрана и поефикасно во напад па за само 10 минути го изедначи резултатот (19:19). При резултат 20:20, белграѓани имаа напад за прво водство, но не успеаја да постигнат гол. Следуваа три врзани гола за македонскиот тим за мирен финиш д конечен триумф.
Најзаслужни за победата на Еурофарм Пелистер се голманот Секели со осум одбрани, десниот бек Мараш со седум и пивотот Граџан со пет погодоци, како и Периќ со три голови и осум асистенции.
Во А-групата се и екипите на ППД Загреб и татран Прешов кои својот меѓусебен дуел од првото коло ќе го имаат на 11 февруари