Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ смета дека неговиот тим до победата над Партизан вечерва во Белград, дојде поради подобрата психолошка подготвеност.

– Морам да кажам дека беше навистина одлично да се игра овде. Тешко, но одлично чувство во целина. И нашите и навивачите на Партизан беа навистина неверојатни. Чувствувам дека во тие клучни моменти од натпреварот успеавме да испорачаме добра дефанзивна претстава. Бевме ментално силни во тие најважни минути и тоа е, според мене, причината за оваа победа, изјави Бабиќ.

Битолчани славеа над Партизан со 25:23 забележувајќи победа во својот прв настап во новата сезона од регионалната ракометна СЕХА-лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2022 04:51