На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов.
Притоа, во атарот на село Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол“, атар на село Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи со нелегален улов на охридска пастрмка.