Израелските безбедносни сили денеска убија тројца осомничени палестински екстремисти, кои наводно биле одговорни за неодамнешните вооружени напади во градот Наблус, на окупираниот Западен брег, соопшти израелската служба за безбедност Шин Бет.

Оттаму наведуваат дека тројцата екстремисти биле во автомобил и загинале во судир со безбедносните сили, а на израелска страна немало жртви.

Палестинското Министерство за здравство го потврди убиството на Палестинците.

Во последните недели палестинските напаѓачи на Западниот брег извршија повеќе напади со нож врз Израелците, а на таа територија имаше и вооружени напади.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година.

Палестинците сакаат Западниот Брег да биде главниот дел од нивната идна држава, која ќе го вклучува Појасот Газа, а главен град би бил Источен Ерусалим.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2022 18:00