Американските ВВС треба да платат оштета од 230 милиони долари поради пукањето на нивни поранешен припадник во црква во Тексас во 2017 година.

Американски федерален судија побара воздухопловните сили да платат повеќе од 230 милиони долари отштета на преживеаните и роднините на жртвите од пукањето во Тексас во 2017 година, бидејќи не го пријавиле криминалното досие на сторителот.

Дваесет и шест лица беа убиени, а уште 22 ранети кога Девин Патрик Кели отвори оган во баптистичка црква во Сатерленд Спрингс, Тексас, во ноември 2017 година. Кели, осуден престапник за семејно насилство и имал проблеми со менталното здравје. Нападот, по кој Кели беше пронајден мртов откако се застрела, беше најголемо масовно пукање во историјата на Тексас.

„Судот заклучи дека Владата не покажала разумна грижа во својата обврска да ја достави криминалната историја на Кели до ФБИ", се вели во пресудата.

Семејствата на жртвите и на преживеаните ја тужеа американската влада тврдејќи дека можела да го спречи напаѓачот легално да набави огнено оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2022 18:36