На подрачјето на СВР Велес вчера во периодот од 8 до 12 часот била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин.
Притоа, за четири часа биле констатирани и санкционирани шест прекршоци, информираат од СВР Велес.
Најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.