Законот за задолжителна вакцинација веќе стигна до Уставниот суд на Австрија, откако беше поднесено првото барање за проверка на усогласеноста со Уставот.

Судот сега ќе иницира ревизија и собира изјави од Владата. Тоа не е првпат Уставниот суд да е фокусиран на Ковид-19, бидејќи од април 2020 година досега се поднесени над 600 барања или претставки на таа тема. Досега се решени околу 500 жалби.

Процедурата за преиспитување на законот трае од четири до шест месеци, колку што е потребното време за ревизија на Законот за задолжителна вакцинација.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2022 18:49