На 08.02.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месец декември извршил 8 (осум) кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор ги признал извршените кривични дела. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.