На 08.02.2022 полициски службеници на СВР Тетово околу 13.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, и околу 16.50 часот на улица „106“ во Тетово ги лишиле од слобода Б.Ф.(29) од с.Теарце, тетовско и Л.Р.(20) од Тетово.
За нив биле издадени судски наредби за издржување на затворска казна. По приведувањето двете лица се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.