Хван Де Хон и донесе златен медал на Јужна Кореја во брзо лизгање, откако триумфираше денеска на кратката патека на 1.500 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Хван победи со резултат 2:09, 219 минути и го освои првиот златен олимписки медал во кариерата. Јужнокорејскиот олимпиец на Игрите во Пјонгчанг 2018 се закити со сребрениот медал во трката на 500 метри.

Канаѓанецот Стивен Дубоа го освои сребрениот медал на денешната трка на 1.500 метри со време 2:09, 254, а бронзата му припадна на рускиот натпреварувач Семјон Елистратов со резултат 2:09, 267 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2022 04:06