ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава Д.Б.(39) од Свети Николе, К.К.(68) од Скопје, М.Д.(38) од Скопје, Б.С.(65) од Свети Николе и Д.Ј.(53) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2015 и 2017, второ, трето, четврто и петтопријавениот преземале дејствија како архитект, ревизор и вработени во општина Свети Николе, и на првопријавениот Д.Б. му овозможиле да изгради станбен објект во Свети Николе, спротивно на изводот од деталниот урбанистички план.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2022 05:42