СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Б.(46) од Струмица, управител на правно лице од Струмица и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 не пресметал и не платил данок на личен доход во износ од 280.048 денари со 24.183 денари затезна камата за ненавремено плаќање, како и во периодот од 01.01.2019 до 30.09.2021 не пресметал и не платил 518.078 денари данок на додадена вредност, со што предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во висина од 822.309 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2022 05:42