Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(30) од Гостивар, поради постоење основи на сомненеи за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
Пријавениот А.С. кривичното дело го сторил во март 2015 година, на тој начин што обезбедил фалсификувана возачка дозвола од Република Македонија, која ја употребил како вистинска во Сојузна Република Германија, заменувајќи ја за германска возачка дозвола.