Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
При контролата санкционирани се 141 возач, од кои 71 на територија на СВР Скопје, 26 на територија на СВР Тетово... При акциската контрола санкционирани се и 174 други видови на сообраќајни прекршоци.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.