Префектот на полицијата на Париз, изутринава соопшти дека ќе ги забрани „конвоите за слобода” во Париз, инспирирани од движењето започнато во Канада во знак на протест против здравствените ограничувања, кои планираа да го „блокираат главниот град” од утре и потоа да заминат за Брисел.

-Префектурата ќе постави конкретни мерки (…) за да се спречи блокирање на патиштата, казнување и апсење на прекршителите на оваа забрана”, се додава во соопштението од префектурата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2022 13:32