Искусниот 31-годишен словенечки ракометен голман Урбан Лесјак од следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер, соопшти вечерва македонскиот вицешампион, наведувајќи дека двете страни потпишале договор за две годишна соработка.
Лесјак ќе се пресели во македонското ракометно првенство од германската Бундеслига, каде до крајот на оваа сезона ги брани боите на Хановер.
Својата играчка кариера Лесјак ја почна во Целје Пивоварна Лашко, за кој настапуваше од 2010 до 2018 година.
Дресот на словенечката репрезентација го носеше 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година.
Официјалното претставување на Лесјак во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.