Откако лани го собори рекордот за најмногу добиени „Греми“ награди, поп-пејачката Бијонсе годинава ја освои и својата прва номинација за „Оскар“ за најдобра филмска музика.

Се работи за песната „Be Alive“, којашто е дел од филмската музика на „Краот Ричард“ – приказна за детството на тениските сестри Серена и Венус Вилијамс и нивниот инспиративен татко Ричард. Извршниот продуцент и ѕвезда на филмот, Вил Смит, кој исто така, е номиниран за најдобра главна машка улога, зборуваше за песната, инспирирана од приказната на херојот кој ги претвори своите ќерки во шампионки.

– Спојот на филмот и песната е еден вид магија што е неспоредлива во забавната индустрија. Бев пресреќен кога Бијонсе ја прифати соработката, изјави Смит.

Иако ова е нејзина прва номинација за Оскар, Бијонсе неколкупати настапуваше на „Оскарите“ со своите хитови. Таа е номинирана за најдобра оригинална песна, покрај Ван Морисон, Лин-Мануел Миранда, Дајан Ворен и Били Ајлиш и, Финис.

Годинашното 94. доделување на Оскарите ќе се емитува на „Еј-би-си“, на 27 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2022 11:49