Седуммина возачи на моторни возила во Струга се санкционирани поради непрописно престигнување, соопшти денеска СВР Охрид.
При сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден од 10 до 14 часот, полициските службеници во Струга, санкционирале и четворица пешаци, кои преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека засилените акциски контроли во сообраќајот ќе продолжат и наредниот период, со апел за одговорно однесување на сите учесници.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот на совесно и одговорно учество, почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемена безбедност. Посебно им укажуваме на возачите на моторни и други возила да ги почитуваат пешаците како ранлива категорија учесници во сообраќајот, да им отстапуваат првенство на минување и да ја намалат брзината на движење во близина на обележани пешачки премини, рече Димоски.