Ден откако ги договори услугите на словенечкиот голман Урбан Лесјак, македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер од следната сезона ќе биде посилен и за репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни.
Битолскиот тим соопшти вечерва дека со тунискиот десен бек е потпишан договор на две години.
Хосни (29) во Битола ќе дојде од францускиот шампионат, каде со успех го носи дресот на Истр.
Со репрезентацијата на Тунис настапи на три Светски првенства, a освои едно злато и две сребра од шампионатот на Африка, како и титулата клупски првак на Африка во дресот на Клуб Африкан.
Хосни за туниската репрезентација има 102 настапи.