СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.У. (39) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 07.01.2022 и 08.01.2022, пријавениот во неколку наврати подигнал пари од банкомат со банкарска картичка на правно лице од Делчево, откако претходно нелегално успеал да ја одземе картичката. На тој начин пријавениот предизвикал материјална штета во износ од 100.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2022 08:00