Денеска (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 65 пешаци. При тоа 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, шест за минување на црвено светло...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2022 03:33