Полициски службеници од Полициската станица Струга ноќеска околу 00.10 часот на магистралниот пат А2 Подгорка ги привеле Н.У.(30) и С.Г.(23), двајцата од Индија, поради илегално преминување на државната граница и нелегален престој во државата.

Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2022 03:48