Полициски службеници од Полициско одделение Чегране вчера во 19.30 часот во село Чајле го лишиле од слобода В.Ј.(20) од село Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.