Во Полициска станица Гостивар вчера околу 13 часот е пријавено дека настанал пожар во куќа во село Старо Чајле, Гостиварско, сопственост на Х.Н.. При обид да ја исклучи електричната енергија со повреда се здобила Ф.Н.(40), која била пренесена во Медицински центар Гостивар за укажување лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар